600 НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА КЛИНИЧКИ Во усвоениот ДУП има парк

Советот на Општина Центар, на седница го усвои новиот Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 21 – локалитет Геолошки завод и локалитет Клинички блок, кој предвидува повеќе зеленило, проширување на пристапните и внатрешните улици со тротоари, детска градинка и 600 нови паркинг места за посетителите на Клинички центар.

Од Општина Центар соопштуваат дека во рамки на усвоениот ДУП планиран е и нов локален парк на површина од 1013 метри квадратни, а дел од локациите кои се во државна сопственост се искористени за заштитно зеленило и мали паркчиња. Вкупната површина под заштитно зеленило во рамки на опфатот изнесува 1554 метри квадратни, а под паркови 3950 метри квадратни.

Ги потсетувам советниците дека овој ДУП се носи девет години. Голем број граѓани, вклучувајќи ги и министерствата веќе долго време чекаа да се донесе истиот. Вложено е многу енергија од нашиот Сектор за урбанизам. Верувам дека направивме убав простор што ќе биде од големо значење за граѓаните, кои толку години чекаа да се донесе овој ДУП, истакна градоначалникот Герасимовски по презентирањето на деталниот урбанистички план пред советниците.

Планот е усогласен со ГУП на Град Скопје 2012-2022, како и со ажурирани катастарски подлоги, со што се олеснува понатамошното спроведување на планската документација.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...