А бре, Македонче, каде се спремаш?

Како нација и општество мора да разбереме дека внесувањето на партизанските песни во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство е совршен пример за тоа како треба да се негуваат корените и потеклото, како и зачетокот и потеклото на нацијата и државата. Неизбежен е фактот дека Македонија како држава произлезе од Народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ во Втората светска војна, борба што беше крунисана со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки. Како нација и општество не смееме да го заборавиме антифашистичкиот карактер на македонското партизанско движење, во спротивно доколку ја забораваме оваа реалност тогаш се доведуваме во ситуација некој да се обиде да ни ги зграби националните особености и да ги видоизмени во согласност со неговиот наратив

Од историско, политичко, културно и географско гледиште, Словенија се изделувала со изразени особености, кои не се карактеристични за земјите и народите од Балканскиот Полуостров. Овие типични словенечки особености се должат на одредени историски и други околности, а се очигледни од политичката поставеност во минатото. Словенија како земја во 15 век е составен дел од т.н. Хабсбуршка Монархија или Хабсбуршкото Царство, држава што се одликувала со политички прагматизам, нешто што на најдиректен начин се одразува во словенечкото битисување. Одредени словенечки градови, како што е Љубљана, под власта на Хабсбурговци имале одредена автономија и самоуправа, а оваа реалност позитивно се одразила во сите сегменти на словенечкото општество, како од економски така и од културен аспект. Затоа Словенија во минатото, а и денес, предничи пред балканските народи. Поставеноста на словенечките градови во Хабсбуршка Монархија позитивно се одрази на тоа како Словенците гледаат на нештата. Не случајно Примож Трубар, татко на словенечката книжевност, во средината на 16 век го промовира словенечкиот јазик како јазик на културата и не случајно ја печати првата книга на словенечки јазик во 1550 година.
Можеме надолго и нашироко да пишуваме за словенечките особености, но неизбежен е заклучокот дека Словенија како нација, држава и општество знае да се грижи за своите национални и културни особености. Затоа не треба да нѐ зачудува фактот дека словенечките партизански песни што биле компонирани во екот на Втората светска војна се запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство. Имено, Партизанскиот хор од Љубљана поведе иницијатива за нивно внесување во регистарот, со што околу стотина песни ќе бидат зачувани за идните словенечки генерации. Конкретно станува збор за револуционерни и бунтовнички песни што биле пеени од словенечките партизани при одделни културни или политички настани на ослободените словенечки територии.

Каде сме ние во оваа приказна? Како нација и општество мора да разбереме дека внесувањето на партизанските песни во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство е совршен пример за тоа како треба да се негуваат корените и потеклото, како и зачетокот и потеклото на нацијата и државата. Неизбежен е фактот дека Македонија како држава произлезе од Народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ во Втората светска војна, борба што беше крунисана со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки. Како нација и општество не смееме да го заборавиме антифашистичкиот карактер на македонското партизанско движење, во спротивно доколку ја забораваме оваа реалност тогаш се доведуваме во ситуација некој да се обиде да ни ги зграби националните особености и да ги видоизмени во согласност со неговиот наратив.

Македонија има прекрасни партизански песни, како што е „Во борба, македонски народе!“ во која се вели „Излеговме ние смели партизани, над нас на Гоце знамето се вее, во гори, полја и на сите страни, фашистичка крв насекаде се лее. Синови сме на нашата татковина, на илинденските наследници, строиме живот, слобода, иднина, за, жени, деца, старци, младинци“ или песната „А бре, Македонче“ во која јасно и недвосмислено се вели „Нека разберат денешните тирани, Македонско име нема да загине!“
Партизанските песни „Во борба, македонски народе!“ и „А бре, Македонче“, но и стотина други македонски песни од патриотски и борбен карактер, треба да бидат внесени во списокот на нематеријалното културно наследство на Македонија, затоа што тие имаат особено и исклучително значење за македонското национално и културно битисување. Македонските партизански песни не смееме да ги забораваме и мораме да ги зачуваме за идните македонски генерации. Само на овој начин ќе го зачуваме македонскиот политички, национален и историски континуитет, истовремено не треба да забораваме дека континуитетот обезбедува нормално функционирање на државата и нацијата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Алборг го повлече дресот на Хансен, но двајца ќе може да го носат

Данскиот шампион Алборг го повлече дресот со број...

Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Словенечкиот првак Крим по Ана Грос, Грас Заади,...

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...