AEK Атина потпиша со среден бек од Шведска

Грчкиот шампион АЕК Атина продолжува да го комплетира тимот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Нов ракометар во редовите на тимот од Атина е искусниот Филип Јонсон, кој настапува на позицијата среден бек.

Швеѓанецот е петтото засилување во АЕК Атина и со своето стекнато искуство сигурно ќе биде од голема помош за амбициозниот грчки тим.

Во редовите на шампионот на Грција настапуваат двајцата екс членови на Еурофарм Пелистер, Игор Арсиќ и Стипе Мандалиниќ.

АЕК Атина е еден од учесници на годинешното издание на традиционалниот Струшки турнир.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ