Ахмети: Со ВМРО-ДПМНЕ нема никаков договор за уставните измени, ниту поврзаност со измените на Кривичниот законик!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги разобличи лагите на владејачката СДСМ дека со ВМРО-ДПМНЕ има договор за уставните измени или пак дека има договор за измените на Кривичниот законик во интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас.

Тој во интервјуто открива за разговорите и „тајни средби“ кои ги имал со Груевски и Заев на тема Кривичен законик, но вели дека од нив се повелол Христијан Мицкоски, а лидерот на ДУИ од ваквиот потег бил изненаден.

Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога договоривме да се укине договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ тогаш се повлече ВМРО-ДПМНЕ. Се повлече Христијан Мицкоски од измената на кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Имало десетици средби во клубот на пратеници за измена на овој Законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и денови. Дојдовме до моментот кога се согласивме сите и на крајот се повлече ВМРО, вели Ахмети.

Ахмети доби новинарско прашање дали со ВМРО-ДПМНЕ има договор за уставните измени, а на тоа тој децидно одговори дека не постои никаков договор.

Нема никаков договор со ВМРО да се изгласаат устани измени. ВМРО јавно го искажа својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат. Ние овде имаме огромни разлики, ова е многу жешка тема и тема која бара многу поконцентриран пристап. Ние овде се разликуваме многу со ВМРО, заклучува Ахмети.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...