Алборг се засили пред гостувањето во Битола

По повредата на капитенот Рене Антонсен, данскиот вицепрвак Алборг се засили со нов кружен напаѓач.

Станува збор за Бенјамин Јакобсен, кој до минатото лето реши да замине во Спортинг Лисабон, но по само една полусезона се враќа во татковината.

Тренерот Петер Мадсен сакаше да има и трет играч на пикерската позиција покрај Јеспер Нилсен и Симон Халд, па клубот веднаш реагираше на трансфер пазарот.

Антонсен ќе биде во аут во следните два месеци, па Мадсен не сакаше да остане само со двајца пикери во ротацијата.

Јакобсен ќе има право за настап веќе на дуелот со Загреб од Лигата на шампионите оваа недела, а ќе игра и против Еурофарм Пелистер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...