Александар Трајковски потпиша за Хајдук

Македонскиотфудбалски  репрезентативец, Александар Трајковски официјално го реши најважното прашање, клупскиот статус и тоа со потпис за една од најдобрите хрватски екипи-Хајдук.

Трајковски беше слободен фудбалер откако ја заврши приказната со Ал-Феjхa од Саудиска Арабија, доста време беше во потрага по нов клуб, потрага која заврши со трансфер во Сплит.

– Прекрасно е чувството да се дојде во Хајдук, се помина добро и едвај чекам да се приклучам на тимот и да почнам со тренинзи. Го познавам ХНЛ, играв овде пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што повторно ќе играм таму во голем клуб. Имам големо искуство, поминав низ неколку силни лиги, многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за Хајдук и за целите кои клубот ги има зацртано. Добро го познавам Хајдук, имаме навистина добар тим, сите знаат што значи овој клуб и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, -порача Алекс кој потпиша договор до 2025 година со опција за уште една сезона.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...