Амбициозниот Ловќен донесе ново засилување

Црногорскиот шампион Ловќен полека го комплетира ростерот за новата сезона, во која клубот од Цетиње влегува со сериозни амбиции.

Ново засилување во редовите на Ловќен е поранешниот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Петричевиќ.

Искусниот лев бек во својот матичен клуб се враќа по 13 години, последен пат дресот на Ловќен го носеше во сезона 2009/10.

По одличните настапи во црногорскиот шампионат успеа да си направи богата интернационална кариера. Екс црногорскиот репрезентативец играше во Шпанија, Италија, Франција, Грција и Унгарија.

Ловќен претходно се засили и со Иван Перишиќ, Филип Борозан, Вук Лакичевиќ, Михајло Шчекиќ, Милорад Бакиќ и Лука Вујовиќ.

Меѓу засилувањата во Ловќен ќе биде и повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски. Во наредниот период се очекува да биде неговата промоција.

Тимот на Ловќен во новата сезона ќе игра и во Лигата на Европа. За ривали во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување ги има Кадетен, Елверум и Фленсбург.

 

Прв интернационален предизвик: Бојан Маџовски се сели во амбициозниот Ловќен!

 

Мирко Радовиќ се врати дома и потпиша за Ловќен



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометарки ќе настапат за Македонија на првиот дуел на СП

Денеска во Скопје ќе стартува Светското младинско првенство,...

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...