Амбициозниот Металург Автокоманда се пофали со две нови имиња

Амбициозниот Металург Автокоманда се пофали со две нови имиња

Амбициозниот тим на Металург Автокоманда продолжува да го составува тимот за новата натпреварувачка сезона.

Во составот на Јулијана Дамчевска ќе се приклучат средниот бек од Скопје, Стефани Ристиќ и кружниот напаѓач од Ѓорче Петров, Ивана Димоска.

За двете ракометарки трансферот во тимот од Автокоманда треба да претставува отскочна даска во кариерата и можност за поголемо напредување.

Металург Автокоманда до овој момент ги има ангажирано уште Софи Ѓошевска, сестрите Бојана и Борјана Коцеви, како и Анастасија Величковска.

Клубот ги продолжи договорите со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ и левото крило Сара Миновска.

Ракометарките на Металург Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига завршија на 3. позиција, со што си изборија и пласман на европска сцена.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ