Амстердам најави забрана на канабисот за странци, доста му е таков (нискобуџетен) туризам

Амстердам најави забрана на канабисот за странци, доста му е таков (нискобуџетен) туризам

Сите оние што се нерезиденти ќе добијат забрана за користење на кофи-шоповите во Амтердам кои продаваат канабис, предвидува планот на градоначалничката Фемке Халсема. Оваа мерка ќе биде дел од поширок план кој има за цел да го обесхрабри организираниот криминал и да го намали нарко-туризмот, пренесува „Гардијан“.

Поддржана од полицијата и обвинителите, Халсема предложи само на холандските државјани да им биде дозволено да влезат во 166-те кофи шопови кои продаваат марихуана во Амстердам. Мерката би требало да стапи во сила некаде следната година.

Истражувањата на холандската влада покажуваат дека 58% од странските туристи кои го посетуваат Амстердам доаѓаат главно за да консумираат марихуана. Друга студија покажува дека доколку кофи шоповите ги опслужуваат само локалните жители, нивниот број би се намалил на помалку од 70.

„Амстердам е интернационален град и би сакале да привлекуваме туристи – но поради неговите богатства, неговата убавина и неговите културни институции“, изјави Халсема, потенцирајќи дека пазарот на канабис станал преголем и имал премногу врски со организираниот криминал. Според неа, со новата мерка, градот ќе остане „отврен, гостопримлив и толерантен“, но истовремено ќе им го отежни животот на криминалците и ќе го намали масовниот нискобуџетен туризам.

Како што посочува „Гардијан“, канабисот, технички, е илегален во Холандија, но поседување на помалку од 5 грама е декриминализирано уште во 1976 година, под таканаречената „политика на толеранција“. Производството и натаму е илегално, но на кофи шоповите им е дозволено да го продаваат.

 

Слични забрани, со закон од 2012 година, веќе постојат во холандските градови како Maastricht и Den Bosch, кои долго се жалеа на преголем број посетители – уживатели на марихуана, од Белгија, Германија и Франција.

Охрабрени од евтините летови и онлајн букинг сервисите, бројот на туристи во Амстердам (кој има 850 илјади жители) порасна на близу 20 милиони посетители годишно, од кои голем дел се млади и со „тенок“ буџет. До 2025 година, според досегашните трендови, се предвидува таа бројка да порасне на 29 милиони годишно.

Амстердам, од друга страна, и досега направи чекори да го намали непријатностите од прекумерниот туризам во центарот на градот, намалувајќи го бројот на продавници кои ги таргетираат туристите, забранувајќи го издавањето на сместување преку Airbnb во одредени делови на градот, стопирајќи изградба на нови хотели и зголемувајќи ги даноците.

 

Локалните бизниси во голема мера се задоволни од најавата на градоначалничката. Според Роберт Овермеер од бизнис здружението BIZ Utrechtsestraat, канабис кофи шоповите се една од најважните врски во ланецот на нискобуџетниот туризам.

Но, „тоа не значи дека градот сака само луѓе со многу пари. Ние велиме, дојдете во Амстердам заради музеите, храната, за љубов или за пријатели – ама не да скитате наоколу, да пушите трева и да се дрогирате“, вели тој.

Сопствениците на кофи шопови, се разбира, имаат поинаков став:

„Канабисот е популарен продукт кој луѓето го уживаат низ целиот свет. Луѓето сакаат да си пушат џоинт. Ако тоа не можат да го направат во кофи шоп, тогаш ќе го купат на улица“, вели Јоаким Хелмс од асоцијацијата BCD.

 

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО)

The post Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО) appeared first...

Двојна унгарска победа над Словенија, Германија триумфално против Франција

Селекциите што ќе бидат дел од Олимписките игри...

🎥 Галец пуштен на најјако – ги излуде Австријците

Голманот Иван Галевски по одличната клупска сезона, блеска...

Македонија чека чудо – португалско или германско

По ремито со Австрија, 20-20, машката младинска репрезентација...