Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи во шампионатот на Италија.

Андоновски со тимот на Трст во натпревар од 23. коло одиграа реми против составот на Рубиера, 27:27.

Охриѓанецот беше најзаслужен за освоениот бод на Трст, ги постигна последните два гола за изедначување.

Левиот бек натпреварот го заврши со шест погодоци, но и неколку асистенции кон своите колеги.

За Трст ова беше важен бод во борбата за опстанок во најквалитетното италијанско натпреварување.

Трст во следното коло за ривал го има Епан, додека во следниот викенд ќе се соочи со Пресано.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...