АСНОМ-ска Македонија е македонска национална држава со граѓански облик – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА

Денес, пренагласено се апострофира граѓанскиот карактер како суштинска одредница на Македонија. При тоа, тоа остава простор за сомнение за извесна недореченост на односот кој го има нацијата и македонскиот народ. Истовремено како да се губи етносот при дефинирањето на граѓанскиот карактер на општеството. Односно за губењето на односот на народот како природна творба и нацијата како политичка заедница.

За да се постават одредниците за односот на македонскиот народ и македонската нација суштествени се определбите од АСНОМ, 1944 година
кои и произлегуваат од постигнувањето на македонската државност и што се застапени во севкупната македонска научна и политичка пролегомена. Да се потсетиме на ставот на нашиот апостол Гоце Делчев за културен натпревар меѓу народите и на приодот кај Крсте Мисирков за македонскиот народ пред задачите на остварувањето на македонската нација. Согласно со донесените пет одлуки на АСНОМ за македонската државност и конституенти на нејзината изградба.

Донесена е и Декларацијата за граѓанските права што е во согласност со политичкиот карактер на секоја нација. Оттаму тежненијата на
македонскиот народ за воспоставување на сопствената природна потреба за македонската национална држава изразени се и во одлуката на АСНОМ за
граѓанскиот карактер на македонската држава определувајќи ги граѓанските права на нејзините припадници.

Асномските заложби биле и национални и за правата и слободите на граѓаните. Тоа се гледа од рефератите на Брашнаров и на Емануел Чучков со
исказите за оснивањето на македонската држава и постапките кои треба да се преземат, а со оглед на политичкиот карактер на нацијата, да се определат правата и слободите со Декларацијата за граѓанските права, како документ на АСНОМ. Тоа е период од 1944 година кога во определувањето на конституентите на македонската држава учествуваат, врз широка народно ослободителна основа, голем број чинители кои не биле припадници на КПМ, и од која има само двајца претставници во АСНОМ.

Затоа потребно е да се укаже дека според АСНОМ Македонија е македонска национална држава иако, според својот облик, е граѓанска. Токму и
аргументот кој се приложува е донесената Декларација за граѓански права. Но, мора да се знае дека другите две важни решенија се прогласувањето на Президиумот на Антифашистичкото собрание на ослободувањето на Македонија (АСНОМ) за Влада на Македонија и Решението за заведување на македонскиот јазик за службен.

Ваквиот пристап е истоветен и во определбите на Европската заедница која изникнува врз најзначајната европска филозофска, научна и политичка
мисла, за да ја изрази Европската заедница како заедница на народите иако политичкиот суверенитет на нациите (државдржаватаите) опстојува сеуште, во определена смисла, во Европската заедница. Во таа смисла ги создава специјализираните организации и инстанци за заштита на идентитетот кој произлегува јасно од народностната (природната) припадност, какви што се јазиците, културата, суверенитетот на народите и заштитата на правата на малцинствата.

Треба да се претпостави и честата замена на називот национално за народното настанато во западната ренесанса при преводот на литературата од
грчки на латински јазик затоа што за народот да се употребил терминот нација (nacio) немајќи израз во латинскиот јазик за етнос. И таа замена се јавува не само во политичката туку и во филозофската реторика. Но разликувањето останува.

Да наведеме дека нацијата преку науката и уметноста ја продолжува идентификазијата на народот. Народната култура има свои традиции и
минато, има своја историја. Нејзините корени треба да се бараат многу рано, тесно сврзани со животот на нашиот народ. Истите белези треба да ги има и современата уметничка литература одразувајќи го верно животот на нашиот народ (К. Кепески).

Таквите сознанија ја овозможуваат самоидентификацијата на поединците и свеста за нивната припадност на народот. А националното (народното) е
најтешко остварливото како што рекол еден голем поет (Холдерлинг). АСНОМ го претпоставува националното идентифицирање. Сите напори се
усмерени на образованието, културата, издаваштвото. На инфраструктурата за да се обезбедат овие дејности. Па политичката револуција ја следи со истоветно значење – културната револуција.

Оттаму и петте решенија што покрај Декларацијата за граѓанските права што АСНОМ ги донесува. Следствено и уставните решенија ги претпоставуваат следните определби во нашата Македонија.

А тоа е следното: Македонската држава е создадена со оглед на историските заложби на македонскиот народ за создавањето на сопствена држава; оттаму таа е македонска држава; и општеството создава македонска култура соодветно на заедничкиот живот како претпоставка; а во
исто време и согласно европските норми народите што живеат во Македонија ги практикуваат етничките, поединечни и колективни права. Таквите одредби се претпостави во Преамбулата на уставните решенија но се изразуваат целосно при определбата на односите во општествената заедница.




Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...