Јапонскиот среден бек Косуке Јасухира покажа уште на стартот на сезоната дека ќе биде големо засилување за Вардар. По одличните партии во Струга каде беше МВП и на европските натпревари против Рајн Некар, одигра на ниво и против Еурофарм Пелистер во Супер Купот. Еден од неговите погодоци во финишот беше особено атрактивен. Тој успеа дури и со противнички ракометар на грбот, да постигне гол со шрауба. Погледнете….