Аудиција за нови членови на Поточиња од 11 до 14 септември

Аудиција за нови членови на Поточиња од 11 до 14 септември

Со голема радост и задоволство ве известуваме дека од 11 до 14 септември 2023 година во ООУ „Блаже Конески“ кое се наоѓа во населба Аеродром ќе се одржи Аудиција за прием на нови членови – учесници на новото издание „Поточиња 2024″. Нашите нови Поточиња треба да се подготват и да отпеат една омилена песна по избор и притоа да донесат широка насмевка.

Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири денови во период од 18:00 до 19:00 часот во ООУ „Блаже Конески“ (нас. Аеродром) додека пак самото пријавување се извршува на лице место. Аудицијата е за деца од 5 до 10 години.

Додека нашите нови Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната аудиција погледнете го нашиот мал потсетник за тоа како изгледаше нашето последно јубилејно 20.издание низ слики и видео запис. Дојдете и Вие и бидете дел од најубавата детска музичка приказна.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ