Барса го уништи Кил и закажа финале со Алборг

Барса го уништи Кил и закажа финале со Алборг

Екипата на Барселона по едногодишна пауза повторно ќе се бори за трофеј во Лигата на шампионите, откако во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Келн славеше над Кил со 12 гола разлика, 30:18.

Барселона за ривал во финалето ќе го има тимот на Алборг, кој во полуфиналето беше подобар од Магдебург со 28:26. За бронзата на годинешниот Ф4 ќе играат Магдебург и Кил.

Иако избраниците на Карлос Ортега тргнаа доминантно, поведоа со 4:1 во воведните пет минути, тимот на Филип Јиха со три гола во низа се врати во мечот израмнувајќи на 4:4, а по пет минути игра „зебрите“ за првпат поведоа со 5:4.

Кил уште во еден наврат имаше предност, водеше со 6:5, потоа следуваше серија на каталонскиот гигант од 5:0 за позитива од плус четири во 15 минута, 10:6. Во првата половина од првиот дел во листата на стрелците се запиша и големата надеж на Барселона, 18-годишниот Петар Цикуса.

Голема заслуга за предноста на Барселона имаше голманот Емил Нилсен, кој не дозволуваше лесно да биде совладан, до 20 минута имаше шест интервенции. Следуваше период, во кој двете екипи не успеваа да дојдат до реализација, но Кил во финишот од првите 30 минути заигра поангажирано и со неколку мини серии дојде до 15:9 на пауза.

За само неколку минути игра во вториот дел Барселона се одлепи на 18:10 и тука беше јасно дека Кил ќе треба да даде повеќе од потребното за да се врати во игра. Тимот на Јиха за момент намали на 19:14, а во продолжението Барселона со доминантна игра дојде до 24:14 во 47 минута и до крајот постепено ја зголемуваше предноста за конечни

Финалето, како и натпреварот за трето место, ќе се одиграат утре. Полуфиналниот дуел меѓу Магдебург и Кил е закажан за 15:00 часот, додека финалето за три часа подоцна, односно за 18:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ