Бисинов задржа уште тројца ракометари

Бисинов задржа уште тројца ракометари

Новиот суперлигаш Бисинов од Велес работи на формирањето на играчкиот ростер за следната натпреварувачка сезона.

Велешани задржаа уште тројца ракометари од составот што без пораз од Првата лига се пласираше во елитната конкуренција.

Нови договори потпишаа голманите Никола Манев и Антонио Митревски, кои заедно со искусниот Славјан Паунов ќе го сочинуваат голманското трио.

Во Велес ќе остане и левиот бек Виктор Трифуноски, а од претходно договорите ги продолжија Филип Сиљанов, Илија Табаков, Никола Димитров и Александар Стојменов.

Претходно велешани го донесоа првото засилување и го вратија во своите редови десното крило Мартин Димов.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ