Блетиса Карај од Албанија победник на фестивалот на турска песна во Германија

Дванаесетгодишниот ученик Ајдин Османовиќ или „бисерното грло од Сребреник„ (Босна), кој на македонската јавност ѝ е познат по беспрекорната изведба на македонски народни песни освои меѓународна награда за интерпретација на турска песна на меѓународниот фестивал за јазик и култура „Бои од гласови„ кој викендов се одржа во германското гратче Гесеке.

ЗА ФЕСТИВАЛОТ „БОИ ОД ГЛАСОВИ„

Фестивалот „Бои од гласови„ е основан во 2002 година како меѓународен јазичен и културен фестивал и првото издание се случи следната година на 15 мај 2003 година со 17 земји учеснички. Денес фестивалот обединува над 160 земји во светот од сите континенти, поделен е на сезони и теми за учесниците (ученици) на возраст од 12 до 16 години.

За идејата, концептот и денешната позиција на овој меѓународен фестивал во светот изјава нѝ даде г. Ерсин Јилдиз, еден од основачите и член на организациониот одбор на фестивалот. Господинот Јилдиз нѝ рече дека „…фестивалот ја надмина својата прва замисла и постигна неверојатен успех благодарение на автентичниот концепт  на претставување на народите кој ги обединува  преку песната и јазичната различност. „Морам да признаам„, рече Јилдиз, дека голем дел од успехот на овој фестивал се должи на мрежата  на меѓународни школи низ целиот свет и наставниот кадар кој ја има примарната цел да ги образува и обединува луѓето кои тежнеат за мир, сочувство и разбирање. Македонија е дел од оваа мрежа и ние имаме одлична соработка со нашите колеги со кои имаме реализирано неколку проекти во Скопје и Охрид.  Фестивалот „Бои од гласови„ сака да пренесе порака во целиот свет дека соништата можат да станат реалност, вртејќи им грб на стравот и омразата. Незнаењето, сиромаштијата, дискриминацијата и расизмот ќе бидат победени само ако сите заедно направиме полет со крилјата на толеранцијата и почитта кон другите. Секој јазик и култура е дел од овој свет кој ги отвара нашите срца и умови и се стреми да го вгради наследеното од нашите претци преку нас во новиот свет„ – подвлече Јилдиз.

ТИЈАНА ТУШЕВСКА – МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ФЕСТИВАЛОТ

Меѓународниот фестивал беше поделен/ траеше две вечери, во петокот на 31 мај со претставување на 11 земји учеснички и саботата 1 јуни 2024 со претставување на 13 земји-учеснички.

Првата вечер е посветена на културната и јазична различност и учесниците/изведувачите настапуваат со свои национални песни облечени во традиционални носии.

Македонија беше претставена на првата финална вечер со младата македонска флејтистка Тијана Тушевска облечена во прекрасна македонска народна носија и ја отпеа „Македонско девојче„ пропратена со нејзината флејта.

Според стручното меѓународно жири на првата вечер победи Казахастан односно интерпретаторот Тимур Тусенбеј, второто место го освои Франција со изведувачката Шерин Лиамин, а третото  место го поделија Албанија и Индонезија, односно изведувачите Алегра Јахо и Мирај Назил Џакијах Нугрохо.

ПРОФЕСОРОТ ЈАСМИН БРАШЊИЌ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНОТО ЖИРИ

Босанскиот професор по музика г. Јасмин Брашњиќ е избран за член на меѓународното стручно жири на првата финална вечер на фестивалот „Бои од гласови„.

Професорот Брашњиќ на македонската јавност е познат како ментор и откривач на талентираниот Ајдин Османовиќ кој минатата година ја зарази македонската публика на социјалните мрежи со својот неверојатен глас и брилијантна изведба на македонски народни песни и кој веднаш потоа одржа два концерти во Крива Паланка и имаше аудиенција кај македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Професорот Брашњиќ доби бројни пофалби од своите колеги музичари од целиот свет кои беа присутни на фестивалот за неговата стручност и посветеност на својата професија и што Ајдин Османовиќ е во сигурни раце во моделирањето на неговата иднина како музичар.

„Нашата цел како кадар вработен во образованието е да да дадеме сѐ што е во наша моќ, нашите талентирани ученици да станат подобри од нас и да ја продолжат традицијата во издигнување на најдобрите и предавање на тоа знаење на идните генерации. Притоа, важно е да останат приземјени и да ја ценат човечноста и да одговорат на потребите од општеството со хуман пристап„ – нѝ рече професорот Брашњиќ.

МЕЃУНАРОДНА ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ТУРСКАТА ПЕСНА

COLORS OF VOICES – TURKISH SONG CONTEST

Втората вечер е посветена на турската песна, односно земјите учеснички изведуваат песни само на турски јазик. Вкупно 13 земји учествуваа со свои претставници (интерпретатори) и Ајдин Османовиќ ја претставуваше Босна и Херцеговина го освои третото место на фестивалот со изведба на познатата турска песна „Слушнав дека си ранет без мене„ (Duydum ki bensiz yarali gibisin). Тој воедно е единствениот учесник на овој фестивал кој доаѓа да пее во финалната вечер без да го познава турскиот јазик, што значи Ајдин само пее на турски за разлика од другите учесници кои пејат и зборуваат турски бидејќи го изучуваат јазикот на некој од турските колеџи.

Според стручното жири за изведба/интерпретација на турска песна победи Албанија односно претставничката Блетиса Карај, второто место го поделија Романија и Казакстан, односно Магда Марија Калуиану и Маргулан Ерикан и третото мест, како што погоре кажавме го освои Ајдин Османовиќ од Босна и Херцеговина.

ПРВ НАСТАП НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА  И ПРВА ОСВОЕНА НАГРАДА НА АЈДИН ОСМАНОВИЌ

„Освоената награда, односно третото место дадено за Ајдин Османовиќ од стручното жири за изведба на турска песна е голем ветер во грб за Ајдин што за толку кратко време и на негова возраст е забележан на меѓународно ниво за неговите квалитети  и претставува поттик и мотивација за нашата понатамошна работа„ – нѝ изјави професорот Јасмин Брашњиќ непосредно по прогласувањето на победниците на фестивалот.

„Ви благодарам на сите кои ме поддржувате и кои бевте со мене изминатиов период. Тоа ми значи многу. Поздрав до сите и се гледаме наскоро во Македонија„ – нѝ рече Ајдин Османовиќ, „детето-славеј“ на кој се гордее цела Босна, цел Балкан а наскоро и целиот свет.


Post Views:
5

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...