Борче Марковски со нов предизвик – ќе работи на Малта

Борче Марковски со нов предизвик – ќе работи на Малта

Еден од македонските стратези што меѓу првите се стекна со Мастер Коуч лиценца, Борче Марковски, од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата.

Битолчанецот се пресели на Малта, каде ќе работи во машкиот и женскиот клуб Ла Сал, а ќе биде задолжен и за младинските категории како координатор.

„Марковски ќе ги води сениорските екипи и ќе се грижи за младинските категории. Убедени сме дека со неговото знаење, лидерски способности и визија ќе ги подигне перформансите на нашиот клуб и ќе исполни зацртаните цели“, се вели во објавата на тимот од Малта.

Македонскиот стратег во последните четири сезони работеше на Фарски Острови, во клубовите СТИФ и Аргир.

Претходно во својата кариера беше тренер на екипите на Жито Прилеп, Преспа, како и на машкиот и женскиот тим на Пелистер. Пред да се пресели на Фарски Острови, две години работеше во школата на Кире Лазаров, КЛ7.

На репрезентативно ниво беше селектор на женската младинска репрезентација на Македонија и успеа младите македонски репрезентативки да ги однесе на Европското младинско првенство во Словенија во 2017 година.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Сиднеј Универзитет им се придружи на Барса, Веспрем, Магдебург…

Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство...

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...