Борко Ристовски не запира ! Пекабеско нов пријател на РК Вардар

Борко Ристовски не запира ! Пекабеско нов пријател на РК Вардар

По освојувањето на двата трофеи пред почетокот на натпреварувачката сезона, на турнирот во Струга и на Супер Купот во Струмица каде триумфираше РК Вардар1961, се зголеми и бројот на пријатели, поддржувачи и спонзори на „црвено-црните“. Нов пријател на РК Вардар 1961 е позната македонска компанија ПЕКАБЕСКО.

Оваа компанија во приватна сопственост чија главна дејност е произвдоство на сувомеснати производи и диструбиција на производи за широка потрошувачка го препозна нашиот спортски бренд Вардар и реши во иднина да биде меѓу компаниите што ќе го поддржат клубот. Тие ќе бидат дел од клубот на партнери, поддржувачи и спонзори на Вардар и ќе му помогнат во исполнување на целта – враќање во самиот ракометен врв во Македонија и Европа.

Денеска беше потпишан договорат за соработка меѓу Вардар1961 и ПЕКАБЕСКО и претставници на клубот беа во посета на фабриката. Директорт на Пекабеско, Анатол Кутревски им посака многу здравје, среќа и успех на ракометарите и заедно да се радуваме на многу победи. Пекабеско секогаш го поддржувал македонскиот спорт, а Вардар е прпеознатлив бренд не само во нашата земја туку и во Европа.

Дел од нашиот тим, пивотменот Милан Лазаревски, средниот бек Кусоке Јасухира, тренерот Владо Недановски и неговиот колега Стојанче Стоилов, и Извршниот директор Борко Ристовски им подарија на дел од вработените во Пекабеско мали подароци со кои им се заблагодарија за нивната поддршка што му ја даваат на клубот, поканувајќи ги да бидат и дел од оние што од трибините ќе навиваат за Вардар на следните натпревари.

Пекабеско како наш нов пријател и партнер на следните натпревари на Вардар ќе награди и некои од гледачите во салата со свои подароци, во знак на поддршка на тимот, но и на сите оние што од трибините навиваат за Вардар. Неколку наши гледачи кои ќе бидат на трибините во недела на дербито со Еурофарм Пелистер ќе бидат наградени со подароци од Пекабеско.

   

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ