Браќата Узунчеви потпишаа за Бутел Скопје

Браќата Узунчеви потпишаа за Бутел Скопје

Тимот на Бутел Скопје ги засили своите редови со двајца младински репрезентативци, Тодор и Димитар Узунчеви.

Како што најави 24Ракомет, двајцата ракометари се преселија во составот на Горан Кузманоски и се обврзаа на едногодишна соработка, со можност истата да биде продолжена ако двете страни се задоволни.

Браќата Тодор и Димитар Узунчеви потекнуваат од тимот на Партизан Гевгелија, каде го започнаа својот ракометен пат, пред да се преселат во Автокоманда, каде настапуваа за двете екипи.

Тодор има 19 години и настапува на левата бековска позиција.

„Бутел е екипа што пружи шанса на млади ракометари. Ми претставува голема чест што ќе бидам дел од неа и ќе имам простор за напредување и зголемување на моето искуство“, изјави Тодор.

Димитар има 18 години и игра на една од најдефицитарните позиции не само во македонскиот, туку и во ракометот воопшто – десен бек.

„Во екипа каква што е Бутел Скопје очекувам да созреам како играч и да го зголемам моето искуство. Знам дека овој клуб им дава шанса на млади играчи и ќе им простор за игра“, изјави Димитар.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со кружниот напаѓач Драган Шољиќ, левиот бек Теодор Тодески и десниот бек Мартин Петровски.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ