Бранко Геровски – мојот прв уредник

Бранко Геровски – мојот прв уредник

Должен сум, во оваа деценија од мојот живот и кариера, можеби последна, да напишам понекој збор за новинари кои треба да им одадам признание. Често итајќи низ секојдневитео на нашата работа самобендисано не согледуваме во потполност нечии постапки, а за Бранко Геровски би било нефер од моја страна ако барем немам шанса приватно, еве вака јавно да му укажам чест но не само заради лични постапки кон мене, туку работи кои значеле во општеството, новинарството.

НЕ ЗБОРАВЕТЕ – ГЕРО БЕШЕ ПРВ КОЈ ГО ПОСОЧИ КРИМИНАЛОТ НА ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ

Но само како наслов, иако коментарот ќе биде многу подоле. Геро со мене почна многу одамна кога беше уредник за Неделно Време кај Велија и ме покани да пишувам колумни. Секако и одма кеш плаќаше. Ликсур ко што сум прифатив, заради пари …но … Геро ме забележал со моите писанија на блогерајот и сметал дека имам потенцијал, но тогаш покани голема група на уште помлади од мене да се пробаат да стават на хартија кретивна концизна мисла. Храбро! Првата колумна ми беше една случка на граница кога македонец и србин чекаа во огромна редица за излез од Грција па му се подсмеваа на бугарионот кој некако се плеткаше во редот. Дојде еден грчки специјалец, граничар ли што, му нареди на излезе од нашиот ред и да се престрои во лентата за граѓани од ЕУ каде и немаше чекање. Од тоа извадив поенти, но извади и Геро кој ми се јави лично и без грам его, ме испофали. Миг кој ме охрабри да продолжам да пишувам до ден денес….

Но јас сум кучка дебела, и кога се најдовме во спортивни политички ровови со Геро, не штедев муниција, и така десетгодини подоцна, јас накурчен напишав една срамно вулгарна колумна во која го навредував уздуж и попреко. Дали ми врати? Не! Дали јас се посрамив, не! Мислев дека така треба, дека е легитимна борба, се мислев дека сум еден од ликовите како Крлежа и Ујевиќ кои на времето преку весници страшно се напаѓаа меѓусебно … ама моето ниво беше попростачко, како и мојот Бурек стил. Популизам максимум. Заслепен од спонзори, публика и популарност во тоа време. Нејсе , мене не ми дојде памет не со смена на власта, туку со смртта на мајка ми, а потоа и инфарктот кој го преживав. Некако човек си ги ресетира ставовите и приоритетите но и светогледот кон другите, а јас едноставно, дотогаш мислев дека оваа игранка така се игра, но искрено и немав време да обмислувам, бидеејки за рззлика од моите колеги кои имаа лежерно темпо, јас бев во ров секоја вечер со часови. Како се заебав … 

Најмногу се изненадив кога го видов Гере, кој скоро го беше напуштил Слободен Печат на Воис оф америка каде укажуваже за голем кримнал и рекет. Ионака претходната власт ја сметав за насилна, нелегитимна и криминална уште од стратот и го поканив Геро да дојде кај мене во емисија по тој повод. Искрено, после се што сум го пердашеел мислев дека нема да прифати, но не само што веднаш прифати, туку направи вистински час по анатомија кој сериозно ја потресе владата и целата јавност која резултираше со апсење на некрунисаната кралица Катица Јанева. Нема да навлегувам во овој случај, од овде почна да паѓа власта и постепено да ја губи поддршката од надвор, со која и само со неа успеа да ја презеде власта на пучистички начин. Ене ја емисијата кај мене, една од најгледаните и нашеруваните, а јас само му признав на Геро дека е подобар и поголем човек од мене оти ниту ми прозборе ни замери за минатото. Не паметам дали му се иззвнив, сигорно сум, но еве и јавно. ПРОСТИ, ДРУГАР!

НО ЗОШТО?
Небитен сум и јас и емисијата ниту тоа што бил кај мене а не кај друг, битно е што имал храброст да излезе и јавно да посочи со прст! Без партија зад себе, без Сорос, без фондови од амбасади, без гараннции дека никој не смее да те пипне. Јас, во тој миг, да сум ги иал тие податоци, не би бил ни половина храбар. Некои ќе му замерат дека менувал страна – ДА, но сосема принципиелно. Да држиш бандоглаво страна како еден Трич и мижиш пред криминал, а плукаш по се позитивно само оти не е од твоја срана, е навистина дно. Геро имаше храброст и да се дистанцира, но затоа бара многу професионалност. Мудрост, тактичност во работата но и личен човеечки афинитет.

Мило ми е што ми даде шанса, приватно да се подружиме, затоа што разбирам колку сум учел од него. Колку бил несебичаен и колку во многу сегменти бил поголем човек од мене.

Знам дека тешко е да се биде независен новинар во Македонија и скоро сите до еден рааботат за некого. Најчесто популосот цени верност кон страна и кауза, но тоа е најлошото – ако нешто е криминигено, зло, лошо по сите, треба да се посочи и да се корегира, санкционира. Знам во тоа време, кога Геро го откри криминалот во влдата која силно ја поддржуваше, колку усилби правеше да допре да објасни, да им помогне да се корегираат за да се направи она за кое многумина еруваа дека ќе го направат – Македонија да биде поправедна и подобра земја. Арно ама суетаатата им беше модус вивеенди на претходната власт, а ректеот не се разбираше како криминал туку нешто нормално, општа аргонација дека се недоприливи и вечни и дека некој постојано ќе ги штити и брани- тоа се вика прелест.

Убеден сум дека ако повторно има девијација, Геро ќе укаже на тоа, многумина ќе преќутат но за него знам дека праведност и правда му се имепратив, со сите маани и доблести, му верувам. Заслужено.

Затоа го следам,читам барам суптилни навестувања оти он не работи клик бејт со арогнација и со рогови во стомак….има пристап кој мене лично ми се допаѓа. Геро е еден од неколкуте новнари кои ми биле морален комапса пред се професионално – порано или подоцна и мене ми е потреба да му укажам пиетет и благодарност затоа што заслужува.

Keep up good work!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ