Браво за неуморното борење на Маричиќ да ни биде добро

Владата на ДУИ и СДСМ има многу слабости. Многу работи не ги заврши како што треба, а многу работи што требаше да ги заврши не ги направи. Но, во неа има и лица кои навистина си ја работеа поставената задача беспрекорно. Еден од таквите е вицепремиерот Бојан Маричиќ. Не за џабе сега го унапредија во заменик премиер.

Тој континуирано си ги верглаше двете зададени теми:

-Мора да го смениме Уставот.

-Македонија ќе влезе во ЕУ во 2030 година.

Каде и да одеше, што и да правеше тој овие работи си ги кажуваше на јавноста. Ваквата упорност Маричиќ ја покажа и деновиве при посета на САД. И од таму далеку, наместо да прошета, тој ни порача:

-Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите, поточно со Бугарија, рече Маричиќ.

И секако на крајот поентира: 2030-та година е реална можност за влез во ЕУ.

-Ние се боревме долго време, еве, ова влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ, индикативен датум како можност за членство во 2030-та, истакна тој.

Уште колку време ќе мора да се бори заменик министерот? Уште колку пати ќе ни каже дека Македонија мора да го смени Уставот и дека ЕУ едвај чека да не прими во своите редови во 2030 година?

Браво за неговата неуморност. Штета што во владата немаше ваква упорност за градење, борба против корупцијата, средување на образованието…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...