Чаир повикува на полна сала за европскиот дуел со Венло – влезот е бесплатен

Тимот на Чаир и во новата сезона ќе учествува на европска сцена, поточно во Европскиот Куп, во кој ланската сезона стигна до третата рунда, откако во втората рунда го елиминираше косовскиот Истогу.

Чаир настапот во Европскиот Куп сезонава исто така ќе го започне од втората рунда. За избраничките на Басри Љатифи прва пречка во третото по ранг европско натпреварување ќе биде холандскиот Венло.

Првата пресметка меѓу Чаир и Венло ќе се одигра на 23 септември во спортската сала „Автокоманда“, со почеток од 14:00 часот, додека реваншот е закажан на 30 септември во Холандија.

Раководството на Чаир одлучи влезот за дуелот во сабота да биде слободен, со цел клубот да има голема поддршка од трибините и пред реванш средбата да оствари поволен резултат, со кој би бил чекор поблиску до трета рунда во Европскиот Куп.

Освен Чаир, претставници на Македонија во Европскиот Куп сѐ уште шампионот Ѓорче Петров и вицепрвакот Куманово.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...