Чија е Данела Арсовска? – СКОПСКО ЕХО

Скопје е преполно со проблеми кои чекаат решение. По многу важни прашања треба да се бара одговорот. Како понатаму со проблемите со сообраќајот, со загадениот воздух, со лошите улици, со малкуте паркинзи и паркови, со гасификацијата, со…

Ама партиите во Скопје наметнаа друго прашање да е главно – чија е градоначалничката Данела Арсовска? Со која партија таа соработува, прашуваат тие преку соопштенија, прес конференции…

Така е веќе со месеци, посебно откако се случи разидувањето меѓу Арсовска и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со чијашто поддршка беше и избрана. По ова на ред дојдоа прекупувањата околу тоа чија е Арсовска, со кого е во коалиција во Градскиот Совет. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека таа е веќе во коалиција со СДСМ, ДУИ и со Левица, а тоа го повтори и денеска, откако синоќа се изгласа градскиот буџет.

Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија. Арсовска не прифати проекти кои самата ги вети од програмата „За модерно Скопје”. Односно Арсовска против Арсовска, на штета на скопјани, обвини оваа партија.

Но, и од СДСМ обвинија дека Арсовска е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, се наведе во партиското соопштение.

И така… двете најголеми партии се дистанцираат од неа и најголема енергија трошат на продлабочување на поделбите во градот. Но, во интерес на Скопје и скопјани е партиите додека го бараат одговорот на од нив поставеното прашање, да не кочат – минираат туку да го направат она што е најдобро за градот и кога треба да соработуваат со градоначалничката.

Воедно, Скопје сега чека да види дали Арсовска е пред се – своја. Градоначалничката треба да му припадне на Скопје, на неговите граѓани. Ќе направи ли таа да биде така?

Градоначалничката треба да биде посветена на проектите кои им го вети на скопјани. Една година од мандатот проврве, малку се направи. Скопје е притиснато од проблеми, нема време за чекање некакви си одговори на споредни прашања и дилеми. Главниот град на Македонија очекува сериозност – работа и од партиите и од Арсовска.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ