Чупиќ и Дибиров се „главни“ во Загреб

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, тимот на Загреб, имаше победнички старт во хрватскиот шампионат.

Тимот на „плинарите“ одбраната на титулата ја стартуваше со убедлива победа над Мославина од 16 гола разлика, 37:21.

Тимот на Славко Голужа победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кое го доби со 20:8.

Одлична партија na terenot имаа двајцата екс поранешни членови на Вардар, Иван Чупиќ и Тимир Дибиров.

Чупиќ беше најефикасен, постигна девет погодоци од исто толку обиди, додека Дибиров имаше пет од пет.

Куни Моралес, кој исто така го носеше дресот на „црвено-црните“, имашe четири реализации.

Загреб првиот дуел со Еурофарм Пелистер ќе го одигра на 19 октомври на свој терен.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во...

Супер Глоуб станува „Светско клупско првенство“

Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб...

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...