Црна Гора ја победи Аргентина во контролата пред дуелот со Македонија, еск вардарец најефикасен

Црна Гора ја победи Аргентина во контролата пред дуелот со Македонија, еск вардарец најефикасен

Машката кадетска репрезентација на Црна Гора славеше против селекцијата на Аргентина во пријателски натпревар пред настапот на СП.

Ривалот на Македонија го победи јужноамериканскиот противник со 27-24, а на полувреме водеше со 14-12.

Најдобар стрелец во црногорската селекција беше екс средниот бек на Вардар, Андреј Добрковиќ со пет гола.

По четири погодоци во триумфот постигнаа Филип Газдиќ, Мило Бакиќ и Семир Фека, а три пати стрелаше Божо Вујовиќ.

Македонија стартува против Норвешка на 2 август, на 4 е средбата со Црна Гора, додека во последниот дуел од групата ќе се соочиме со Грузија на 5 август.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ