Да, Европскиот парламент има многу работа за средување во својот двор…

Да, Европскиот парламент има многу работа за средување во својот двор…

Европарламентот е гарантот на демократијата во Европа; Европарламентот е местото од кое сите треба да учат како до еднаквост, правичност, разбирање, мултикултура… Вакви се лекциите кои ги добиваме во Македонија за Европарламентот кон кој требало со сите сили да тежнееме. Ама..

Македонија и Македонците одново доживеаја тешки навреди од европратеник. Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, а сега европратеник, отиде премногу далеку со навредите кон македонскиот народ: „Црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“ се дел од квалификациите Јорданов сега ги искажа преку Фејсбук како реакција на саботните случувања околу одбележувањето на денот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

-Нема иднина за вакви комунистички фосили како – титовисти, црвено ѓубре, југословенски ѓубриња. Ќе висите пред портите на Европа многу долго. Ќе клечете пред стражарите додека не им се смачи од историската вистина дека сте срамни наследници на достојните македонски Бугари, порача европратеникот Јорданов.

Ужасни зборови, а имаше и уште полоши. А слично се случуваше и порано од друг негов колега. Пред неколку недели среде Скопје и Ангел Џамбаски се истакна со презентирање „европски вредности“.

– Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија, ни порача Џамбаски од центарот на Скопје. Тој, потоа, индиректно и му се закани на македонскиот претседател Стево Пендаровски со атентат.

Дали овие лица се осилени затоа што и Европарламентот е млак во реакциите кон нивното однесување кое е полно со омраза? Ќе реагира ли поконкретно „лулката на европскиот парламентаризам“?

На високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел му требаа неколку дена да реагира на јануарските навреди на Џамбаски.

-Слушаме неприфатливи изјави од националистички политичари кои внесуваат омраза и имплицираат насилство. Ова само може да ги ескалира тензиите, рече Борел без да го спомне името на Џамбаски.

Сега на ред со навредите и говорот на омразата дојде и Јорданов. Европарламентот очигледно има многу работа со самиот себе, да си ги среди своите редови.

Се надеваме ќе бидат ревносни и брзи како и кога на Македонија и држат лекции по демократија, толеранција, еднаквост… 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО)

The post Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО) appeared first...

Двојна унгарска победа над Словенија, Германија триумфално против Франција

Селекциите што ќе бидат дел од Олимписките игри...

🎥 Галец пуштен на најјако – ги излуде Австријците

Голманот Иван Галевски по одличната клупска сезона, блеска...

Македонија чека чудо – португалско или германско

По ремито со Австрија, 20-20, машката младинска репрезентација...