Да им се земе мерка на сите што му помагале на Мерко

Македонија чека што ќе направи струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако официјален Вашингтон соопшти дека веродостојни докази и информации стојат зад ставањето на Мерко на американската „црна листа“. Овој факт што го соопшти Стејт департментот значи дека злоупотребите на средствата и мешање во судските постапки не се од вчера и најверојатно се бајаги големи штом реагирале од САД.

И сега, треба ли и македонските власти и институции да чекаат што ќе прави Мерко?Би требало да се растрчаат и да го направат ова што одамна не го направиле – да ги откријат и расчистат незаконските дејанија.

Зошто до сега немало обвинение, судски процес, пресуди, оставки…? Македонската јавност сега чека и такви одговори од Владата и судството: за какви незаконски дејствија се работи, какви се биле последиците од нив, кој се бил вклучен во нивното правање, но и во нивното прикривање?

Тие одговори треба што побрзо да се добијат, ако некој воопшто сака макар и малку посериозна борба со корупцијата отколку до сега. Нели власта се фалеше дека се бори против корупцијата? Премиерот, пак, се зачудува и ги прашува сопствените институции како не пронашле криминал кај Мерко, а тоа им успеало на САД кои се илјадници километри далеку… А всушност тој сега не треба да прашува туку да дава одговори.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што прави деновиве? Што правеле негови членови порано имаат ли сознанија, имале ли истраги, ги сопрел ли некој…? 

Зарем сите сега се изненадени од изнесените тврдења од САД за Мерко?

За расчистување на сето ова не е доволна оставката на Мерко на градоначалничката позиција. И не треба се да се фокусира само за него. Тој сигурно не делувал сам. А треба добро да се провери и кој го штител за да биде со години недопирлив. Таквите лица се распослани во централната влат, на различни позиции во општината, во судовите, во образовниот сектор… 

Одговорност ќе треба да се побара и од судски, обвинителски и полициски структури за тоа зошто незаконитостите останувале неоткриени иако се гледале дури и од илјадници километри растојание?

Ако Македонија сака да тргне по вистинскиот пат – мора да им земе мерка на сите што му помагале на Мерко.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...