Да веруваме: Борел ќе се борел за доброто на Македонија

Македонија со години добива инструкции од ЕУ што мора да прави. Евробирократите секогаш пред да ни ја дадат задачата ни кажуваат – откако ова ќе го извршите многу блиску ќе бидете до кваката од влезната врата на Унијата.

Вчера се случи истото. Овој пат среде Скопје лично високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел ни порача: Македонија треба да ги подобри односите со соседите и да направи уставни измени со цел да стаса во ЕУ.

–Да се создадат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. По договорот од јули минатата година ова е најдобрата зделка што можете да ја добиете, изјави денеска Борел.

Е, ама огромното мнозинство од македонскиот народ не смета дека новите ултиматуми се „најдобрата зделка“. Граѓаните се прашуваат – како е можно па толку досегашни успешни зделки (како што беше и промената на името на државата) Македонија да не е ниту близу до влезната врата на  ЕУ. А така и веше ветувано.

Но, Борел вчера беше е уверлив дека Брисел ќе помогне.

-ЕУ ќе стои до вас, ќе ве поддржи, ќе ви дава насоки и во овие тешки времиња и ќе и помогне на Владата, рече евробирократот.

Ама од друга страна пак ваквите помагања односно однесувањето на ЕУ кон Македонија дури 65 отсто од македонското население го оценуваат за нефер, надмено и уценувачки. Граѓаните воедно и се прашуваат дали ЕУ навистина планира да прима нови членки или само со години се кажуваат лепливи пароли од Брисел.

Борел и околу ова има порака.

– Тоа што го одржавме денеска тука во Скопје овој Совет е јасен знак дека ЕУ ви се приближува и ви покажува дека Западниот Балкан и ќе продолжи да биде во иднина клучен приоритет за ЕУ и важен дел од нашата геополитичка димензија, додаде Борел.

Дали е ова доволно јасен знак? Нема друг појасен начин да се покаже на Македонија дека ветувањата од Брисел некогаш и ќе се исполнат? Дали пак можеби големото мнозинство од Македонците не може да ја препознае ваквата нагласена добрина од Брисел и непотребно е загрижено?

Еве Борел јасно кажа дека се борел за доброто на Македонија. Неверните томи треба да се преиспитаат.

Сепак не е лошо преиспитување да има и во ЕУ. Народот во Македонија сака членство во ЕУ, но сака и да не му биде газено достоинството. И уморно е од слушање нови и нови објаснувања зошто треба да прифати нови и нови ултиматуми. Па потоа да слуша дека се воведени нови критериуми и методологија, па потоа Брисел да му се каже – само уште ова и готово, па…

Во добрите зделки не може едниот (во случајот Македонија) да добива рокови и треба скапо да плати, а другиот (во овој случајот ЕУ) да го земе платеното, ама нема рок кога ќе испорача. Да не зборуваме дека некои цени се превисоки, нереални…

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Македонија од трет шешир во ждрепка – може да игра во Хернинг, Осло, Загреб…

Светската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...