Дарко Ѓукиќ е желба на Динамо Букурешт

Дарко Ѓукиќ е желба на Динамо Букурешт

Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ се наоѓа на листата на желбите на романскиот шампион Динамо Букурешт.

Тимот на Чави Пасквал посакува да најде уште едно десно крило покрај Украинецот Андриј Акименко, кој беше најдобар стрелец во Лигата на Европа.

Според „ГСП“ во „конкуренција“ се Ѓукиќ, кој се раздели со Вардар и Домен Новак од Вецлар, кој беше меѓу најдобрите стрелци сезонава во бундеслигашот.

Новак има договор со Вецлар до 2025 година, па поверојатно е да биде реализирана опцијата со поранешниот вардарец.

Динамо Букурешт досега ги потврди трансферите на Бранко Вујовиќ, Андре Гомеш, Ханиел Лангаро и Јонут Јанку, а блиску до промоција се Демис Григорас, Тобијас Вагнер, Јан Тарафета…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ