Дејан Пецаковски кажа крај – ја заврши играчката кариера!

Дејан Пецаковски кажа крај – ја заврши играчката кариера!

Најискусниот ракометар во Пролет, Дејан Пецаковски, донесе одлука на крајот од оваа натпреварувачка сезона да му каже збогум на активното играње ракомет.

Левиот бек беше дел од Пелистер, Металург, Вардар, со кои играше и во Лигата на шампионите, а со МАКС Струмица беше дел од ЕХФ Купот.

„Поранешниот македонски репрезентативец настапуваше за бројни македонски клубови, а ние како клуб сме горди што тој од 2020 го носеше дресот на Тинекс Пролет, секогаш давајќи го максимумот за нашата екипа. Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона. На Дејан Пецаковски му посакуваме се најдобро во иднина, со надеж дека патиштата би можеле наскоро повторно да ни се спојат“, се вели во објавата на Пролет.

Пецаковски има 38 години, а единственото интернационално искуство го имаше во тунискиот Клуб Африкан.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ