Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј

Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век.

Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани. Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабошците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море.

Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови. А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на св. апостол Вартоломеј.

А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бикоски: Знаеме кој е Вардар, но ние нема да се предадеме!

Ракометарите на Прилеп денес на свој терен ќе...

Zašto balkanski žestoki momci i dalje podržavaju Putina

ONOG momenta kad je ruski...

Парондо и Мелсунген се хит – имаат седум од седум во Бундес лигата!

Бундеслигашот Мелсунген ја продолжи победничката серија во Бундес...