ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер 2 го игра последниот домашен меч сезонава

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер 2 го игра последниот домашен меч сезонава

На денешната ракометна програма во Македонија ќе има пет натпревари, еден од нив е во рамките од претпоследното, 13. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут. Тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој обезбеди најмалку бараж во елитата, на свој терен ќе го пречека незгодниот Голден Арт.

Двете екипи првото соочување го имаа пред два месеци во Скопје, тогаш вториот тим од Битола триумфираше со пет гола разлика, 26:21. Избраниците на Михаил Петровски со евентуална победа на денешниот натпревар ќе бидат многу блиску до директен опстанок во Супер лигата.

Низ Европа ќе се игра во неколку шампионати, а најголемото внимание ќе биде насочено на финалето меѓу Фленсбург и Фуксе Берлин од Лигата на Европа. За третото место во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се борат екипите на Динамо Букурешт и Рајн Некар.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ЈЕНИМАХАЛ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)
14:00 СКЈЕРН – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
14:00 АСТИБО – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ДИНАМО – РАЈН НЕКАР (ЛИГА ЕВРОПА)
16:00 АЛБОРГ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)
16:00 МАГДЕБУРГ – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
16:30 ГУМЕРЗБАХ – КИЛ (БУНДЕС)
17:00 НИМ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
18:00 ФЛЕНСБУРГ – ФУКСЕ (БУНДЕС)
18:00 КИШВАРДА – МОШОНМАЃАРОВАР (УНГАРИЈА)
19:00 МЕТАЛОПЛАСТИКА – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГОЛДЕН АРТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ШАМПИОН – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АСТРАИОН – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 МАКЕДОНИЈА ЃП – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)
20:00 КЕЛЦЕ – ВИСЛА (ПОЛСКА)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...