ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонските кадети по изненадување против Данска

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ја очекува нов предизвик на Светското првенство во Хрватска.

Како што е познато, избраниците на Раде Стојановиќ ќе играат во главната фаза, откако ги совладаа Грузија и Црна Гора во првиот дел од кадетскиот Мундијал.

Прв ривал на Македонија во битката за четвртфинале ќе биде репрезентацијата на Данска, која во главната фаза пренесе два бода, оние од дуелот со Австрија.

Македонските кадети ќе стартуваат без бодови, но со играта од претходните три дуели, покажаа дека имаат квалитет за висок дострел.

Македонија со евентуална победа над Данска ќе остане во игра за пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Од групата во која се наоѓа Македонија, дуел ќе имаат Австрија и репрезентацијата на Норвешка.

Кадетките на Македонија, кои учествуваат на Европското првенство во Црна Гора, имаат ден одмор пред разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.

Распоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:

13:00 АРГЕНТИНА – БУРУНДИ

13:30 АЛЖИР – НОВ ЗЕЛАНД

13:30 ЧИЛЕ – ГРУЗИЈА

15:00 ШВЕДСКА – САД

15:30 БАХРЕИН – ЈАПОНИЈА

15:30 ЦРНА ГОРА – МЕКСИКО

15:30 МАРОКО – РУАНДА

17:00 ГЕРМАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

17:30 ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА

17:30 ЕГИПЕТ – БРАЗИЛ

17:30 УНГАРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

19:00 ИРАН – САУДИСКА АРАБИЈА

19:30 ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА

19:30 НОРВЕШКА – АВСТРИЈА

19:30 ШПАНИЈА – ЧЕШКА

Распоред на денешните натпревари на ЕХФ шампионатот за кадетки во Азербејџан и Турција:

09:15 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ

11:00 ЛЕТОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

11:30 ЛИТВАНИЈА – ГРУЗИЈА

13:15 ПОЛСКА – ФИНСКА

13:45 ШПАНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

15:30 КОСОВО – БУГАРИЈА

16:00 БИХ – АЗЕРБЕЈЏАН

17:45 ИТАЛИЈА – ТУРЦИЈА

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...