ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Митревски и Порто на мегдан со Висла Плоцк

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Митревски и Порто на мегдан со Висла Плоцк

Денес во рамките од Лигата на шампионите ќе се одиграат четири дуели, по што ќе биде комплетирано првото коло во европската елита.

Како што е познато, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен беше поразен од Колстад со 31:22.

Покрај пелистерци, претставник на Македонија во елитата е и репрезентативецот Никола Митревски.

Голманот со Порто на свој терен ќе се соочат со Висла Плоцк, која во ланската сезона стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во групата Б, во која се наоѓа и Порто, денес ќе играат уште Магдебург и Веспрем.

Хрватскиот шампион Загреб во првото коло ќе има тежок предизвик, бидејќи за ривал го има бундеслигашот Кил.

Најбогатиот европски клуб, тимот на ПСЖ, гостува во Унгарија кај ПИК Сегед.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ЗАГРЕБ – КИЛ (ЛШ)

18:45 ПИК СЕГЕД – ПСЖ (ЛШ)

20:00 ЛИМОЖ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)

20:45 МАГДЕБУРГ – ВЕСПРЕМ (ЛШ)

20:45 ПОРТО – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛШ)

21:30 КА – ФАРМ (ИСЛАНД)

21:30 ХАУКАР – СТЈАРНАН (ИСЛАНД)

21:30 AФТУРЕЛДИНГ – СЕЛФОС (ИСЛАНД)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ