Дерби покрај езерото – реновираните Струга и Охрид во битка за победнички старт во елитата!

Тимовите на Струга и Охрид претстојниот викенд ќе го одиграат езерското дерби во новата сезона од суперлигашката конкуренција. Ждрепката сакаше двата соседи да се сретнат уште во првото коло.

Домаќин на првиот дуел од езерското дерби ќе биде екипата на Струга, која пред својата публика ќе има мотивација повеќе за со победа да ја стартува сезоната.

Двата тимови направија промени во однос на минатогодишниот состав, па така не очекува интересен двобој покрај езерото. Во Струга пристигнаа Мерис Бошњак, Златко Мојсоски, Велко Маркоски, Јовица Младеновски, Александар Тренчевски, Марко Мулиќ…

Охрид направи целосен ремонт и се засили со Бобан Ристевски, Даниел Ѓорѓески, Берин Бркиќ, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Никола Стоилевски, Теимураз Орјоникидзе, Рудолф Сафранко и тренерот Стевче Алушовски.

Новиот член на Струга, десниот бек Мерис Бошњак, ги сподели своите очекувања за дуелот со охриѓани.

„На домашен терен пречекуваме една квалитетна екипа, што секако, тоа не мора да значи ништо. Дерби дуелите се такви што лесно можат да одат во било која насока. Секако дека секој домашен натпревар ни е дополнителна мотивација, особено дерби дуели, сигурно ќе го дадеме својот максимум против Охрид, а дали тоа ќе биде доволно ќе видиме во сабота. Како што кажав, Охрид е квалитетен тим со квалитетни и искусни играчи, ова ни е прв натпревар сезонава, неблагодарно е да се зборува било што, секако притисокот е на нивна страна, а мотивот е на наша страна”, изјави Бошњак.

Црногорскиот интернационалец очекува неизвесен дуел, во кој само нијанси би одлучувале кој ќе дојде до победа.

„Клучен фактор ќе биде кој е повеќе гладен за победа, иако на хартија Охрид се подобар тим и имаат поголема ротација, за нас тоа е само мотив да пружиме многу добра игра, нема лесни бодови во дерби натпреварите. Мислам дека е рано да се зборува за плеј-офот, ќе одиме натпревар по натпревар, ќе го дадеме максимумот, мислам дека имаме квалитетен тим, атмосферата во тимот е одлична, тоа ни е најважно во моментов и мислам дека никој против нас нема лесно да дојде до бодови”, заврши Бошњак.

Членот на Охрид, Гал Цирар, смета дека со неговите колеги ќе треба да го дадат својот максимум за да дојдат до планираните бодови.

„Ние мора да дадеме максимум на натпреварот со Струга за да ги однесеме бодовите од езерското дерби во Охрид. Имавме многу промени, имаме и нов тренер кој наметна различен начин на работа, со многу тренинзи и анализи. Работиме навистина многу и сакаме да стигнеме што подалеку“, изјави десното крило.

Десниот бек, Дејан Шешиќ, исто така е претпазлив за дуелот против Струга.

„Од натпреварот со Струга очекувам силна, машка борба. Сите знаеме од какво значење е ова дерби меѓу Охрид и Струга. Мечот сигурно ќе биде тежок, но исто така ќе дадеме се од себе да го испочитуваме договорот од нашата соблекувална и бодовите одат со нас во Охрид”, изјави Шешиќ.

Дуелот меѓу Струга и Охрид се игра на 9 септември во салата при СОУ „Нико Нестор“ со почеток од 17:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...