Дерма Бела одбележа јубилеј-30 години безвременска убавина

Во присуство на доктори, фармацевти,претставници од бизнис заедницата,
новинари и личности од јавниот живот Дерма Бела го одбележа својот 30 годишен јубилеј
во Скопскиот хотел Лимак.

Три децении неуморна работа, посветеност и желба за напредок. Од пионер во
естетската медицина, денеска Дерма Бела е единствениот центар во Македонија во кој се
спојуваат медицината и козметиката. Успехот на Дерма Бела се должи на големата
посветеност, љубов и континуирана едукација на целиот персонал.
,, Во приватниот бизнис се успева само со визија и упорност. Важна е
идејата,но многу поважна амбицијата и реализацијата. Голема подршка имав од
семејството и од нашите ценети клиенти, кои секогаш се подготовени за новини и
иновации во козметологијата и естетската медицина. На сите млади луѓе, но и на
дамите ќе им порачам да се негуваат, да користат квалитетна козметика и да
внимаваат на себе. На сите вас драги луѓе ќе ви се заблагодарам за довербата,
времето и вечерашното присуство ”- порача пред присутните гости, основачот на
Дерма бела, д-р Весна Ѓоргиеска.
Денеска и во двата центри на Дерма Бела работи високо стручен и професионален
персонал, кој постојано ги надградува сопствените знаења посетувајќи ги светските
семинари и обуки за новости и трендови во козметологијата и медицинската естетика.
М-р Фросина Ќудина рече дека за неа како менаџер на Дерма Бела е голема обврска
и одговорност да продолжи по истата патека на квалитет и професионалност.
,, Најголема среќа се задоволните клиенти, но и секоја иновација која ја
носиме од светските конгреси. Сепак, кога имам ветер во грб од докторите и тимот од
Дерма Бела се е полесно. Од име на целиот персонал сакам да посакам да останеме
во добро здравје во 2024, да имаме добра мисла и да не заборавиме дека убавината
доаѓа од внатре, од самата личност. И точно затоа максимално ќе се посветиме на
регенеративната медицина, која се заснова на автолошка регенерација на ткивото и

ветува природно подмладување , свеж и природен младешки изглед, во областа на
естетската дерматологија, регенерација на рскавично ткиво во ортобиологија и
спортска медицина, како и регенерација и помош при ИВФ во гинекологија”пораќа
м-р Ќудина.


Тимот на Дерма Бела е најголемиот адут, нивната посветеност, стучноста и
професионалноста.Најлојалните вработени според стаж во компанијата добија и
признанија, кои како што рекоа се дополнителен мотив за нив и одговорност за иднината.
Почетоците на Дерма Бела датираат со отворањето на првиот козметички салон во
Прилеп,кој и во тоа време работеше со светски брендови.Низ годините студиото Bellezza
се проширува и отвара нова работна единица Дерма Бела Медицинско Естетски и Ласерки
Центар, лоциран во Скопската населба Капиштец.Во 2012год. Дерма Бела го проширува
својот бизнис во областа на фармација и отвора Дерма Бела Веледрогерија дистрибуирајќи
ги најпознатите брендови во естетската медицина кои станаа достапни за докторите во
Македонија.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...