Димитриоски одигра фантастично – најдобар стрелец во новиот триумф на Ваљадолид!

„Македонскиот“ тим Ваљадолид ја забележа втората победа во новата сезона од Асобал лигата.

Тимот на Димитар Димитриоски, кој беше најдобар стрелец и Дарко Димитриевски, славеше против Пуерто Сагунто со 33-26.

Победата беше најавена уште по првиот дел кога избраниците на екс стратегот на Вардар, Давид Писонеро, водеа со 20-12.

Димитриоски за првпат откако е во Ваљадолид беше најдобар стрелец на еден натпревар и даде шест гола од шест обиди.

Димитриевски исто така имаше важна улога во триумфот, и постигна два гола од три обиди. Следен предизвик за Ваљадолид и Македонците ќе биде гостувањето кај Бидасоа.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...