Динамо Букурешт најде замена за Циндриќ

Динамо Букурешт најде замена за Циндриќ

Романскиот шампион Динамо Букурешт промовираше ново засилување за претстојната сезона во која ќе има големи амбиции.

Како замена за Лука Циндриќ кој замина во Веспрем, Динамо го ангажираше израелскиот репрезентативец Јоав Ламбросо.

Средниот бек доаѓа од германскиот Ајзенах, откако минатата сезона ја започна како играч на португалската Бенфика.

Претходно полскиот Келце го купи од францускиот Лимож, но Ламбросо не стигна да заигра во тимот на Душебаев.

Покрај Ламбросо, Динамо ова лето ги донесе тренерот Дејвис, десниот бек Вујовиќ, пивотот Ладефогед, левиот бек Лангаро, десното крило Ѓукиќ и голманот Јанку.

Динамо Букурешт е еден од ривалите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ