Динамо прави место за Циндриќ – се ослободи од еден бек

Романскиот шампион Динамо Букурешт денес преку социјалните мрежи објави дека останува без услугите на Педро Силва.

Бразилскиот интернационалец во редовите на клубот од романската престолнина помина само една сезона и поради големата конкуренција на позицијата среден бек, двете страни одлучија спогодбено да ја прекинат соработката.

Во тимот на Чави Пасквал со заминувањето на Педро Силва се отвора можност за ангажирање на екс ракометарот на Металург и Вардар, Лука Циндриќ,

Како што е познато, раководството на Динамо Букурешт е заинтересирано во своите редови да го донесе хрватскиот репрезентативец, кој е на излезна врата од каталонскиот гигант Барселона.

Според „Спортске Новости“, Циндриќ има понуди и од од унгарскиот првак Веспрем, францускиот Нант, германскиот Мелсунген каде тренер е Роберто Парондо.

Share



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се подготвува спектакл – продадени 10.000 билети за последниот натпревар на Никола Карабатиќ

Легендарниот Никола Карабатиќ, кој во април ќе наполни...

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...