Дисингер по еден тренинг остана без ангажман – Колдинг не го задржа екс вардарецот!

Иако поранешниот германски репрезентативец Кристијан Дисингер, требаше да биде ново засилување во Колдинг од Данска, сепак, за новата сезона, која веќе започна, ќе треба што поскоро да најде нов клуб.

Како што пренесува данскиот весник JydskeVestkysten, екс ракометарот на Вардар пристигнал во Колдинг во понеделникот и одработил само еден тренинг со данскиот суперлигаш, по што следниот ден му било соопштено дека нема да биде потпишан договор.

Еден од легендите на данскиот ракомет, сега директор на Колдинг, Ларс Кристијансен, за споменатиот весник истакна не биле задоволни од прикажаното на Дисингер на тренингот, па одлучиле секој да продолжи по свој пат.

,,Договорот беше да го погледнеме неколку дена и тој да ја почувствува атмосферата овде. Ако е донесена одлука, фер е да му се каже веднаш дека нема да биде реализиран трансферот. Бараме играч кој може да ни помогне моментално, а тој не е во можност да го направи тоа. Направивме внимателна анализа и дојдовме до заклучок дека тој не е она што го бараме во овој момент“, изјави Кристијансен.

Левиот бек настапуваше три сезони и во Вардар, со кој се искачи на европскиот врв во 2019 година по триумфот над Веспрем.

Со германската репрезентација стана европски шампион во 2016 година, по што следуваа трансферите во Сиудад Реал, Кадетен Шафхаузен, Кил…

Дисингер минатата сезона ја мина во катарскиот тим Ал Духаил, откако претходно две сезони беше дел од романскиот тим Динамо Букурешт, каде не се изнаигра.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...