Длабок наклон за македонскиот великан Јане Сандански кој поучуваше: Да живееш значи да се бориш. Робот – за слобода, а…

Македонија има синови кои заслужуваат да им се навраќаме и поклонуваме секој ден. Еден од таквите синови е големиот македонски револуционер Јане Сандански.

„Да живееш значи да се бориш. Робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“, натпис е кој и денеска стои на надгробната плоча на Јане Сандански пред неговото почивалиште кај Роженскиот манастир во близина на градот Мелник во Бугарија. Натписот го одразува она на што својот живот го посветил Сандански – борба за слобода и стремежот да се биде совршен и тоа е само дел од она по што овој револуционер се памети меѓу македонскиот народ.

Македонија денеска се потсетува на големото дело на Сандански прекинато со неговото подмолно убиство на денешен ден пред 109 години, на 22 април 1915 година при патувањето од Мелник за Неврокоп, во близина на Роженскиот манастир. Во историските сведоштва е запишано дека патувал сам, без придружба и заштита. Кај месноста Блатата, била поставена заседа и бил отворен оган врз него. Јане Сандански паднал од коњот и ја скршил ногата, меѓутоа престрелката продолжила. Нападот бил извршен од околу седум до осум души вооружени со пушки…

Инаку, Јане е роден во 1872 година во селото Влахи, Пиринскиот дел на Македонија, во семејството на Иван Сандански. Татко му бил знаменосец на една од македонските чети во Кресненското востание. Завршил основно училиште и два класа од прогимназијата, подоцна станал кондураџиски чирак и му помагал на својот татко во полските работи.

Зел активно учество и како четник учествувал во Мелничкото востание. Во 1899 година Никола Малешевски детално го информирал за дејноста на Македонската револуционерна организација и ја организирал првата негова средба со Гоце Делчев.

Заедно со Димо Хаџи Димов го реорганизирал дупничкото македонско друштво на Врховниот комитет од Софија и започнал активност за приближување кон Внатрешната македонска револуционерна организација.

Во април 1901 година, за првпат, со 8-члена чета агитирал во името на Организацијата. Истата година, Сандански и Чернопеев во Разлошко, решиле да го грабнат д-р Хаус, протестански мисионер од Солун. Меѓутоа, тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестанската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско.

Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а на 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци. Внатрешната македонска револуционерна организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна од Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги претставил идејните разлики помеѓу двете организации.

За жал, кризата и поделбите кои се појавиле по Илинденското востание, во текот на 1904 и 1905 година се продлабочиле. Во април 1905 година, здружените врховистички чети го започнале походот во Мелничко. Но, врховистите биле начекани во заседа од Сандански. Во престрелката загинале 7 врховисти, а 6 биле ранети.

Во текот на Рилскиот конгрес, Јане Сандански истакнал дека во минатото сите грешеле, дека е потребно сплотување и помирување.

Во летото 1906 година започнале подготовките за Вториот редовен конгрес, меѓутоа тој пропаднал. На 28 ноември 1907 година, по наредба на Сандански, Тодор Паница ги убива Борис Сарафов и Иван Гарванов. По ликвидацијата, бугарските судови ги осудиле на смрт Сандански и Паница, откако ги прогласиле за разбојници. Во втората половина на мај 1908 година се одржал Мајскиот конгрес, каде било решено да се формира нова организација под името Македоно-одринска револуционерна организација.

Во 1908 година, приврзаниците на Јане Сандански се легализирале и влегле во градовите каде што биле пречекани од младотурските комитети со свечени собири и масовно учество на населението. Јане Сандански најпрво влегол во Неврокоп, каде што од балконот на општинската заграда одржал револуционерен говор пред околу 15.000 луѓе. На 15 јули 1908 година, Јане Сандански со воз пристигнал во Солун. На железничката станица бил пречекан од специјална младотурска делегација предводена од Енвер Беј, а на 18 јули 1908 година, Јане Сандански излегол со познатиот Манифест до сите народности во Империјата.

Во периодот помеѓу есента 1914 и зимата и пролетта 1914/1915 година имало повеќе средби помеѓу Сандански и македонските револуционери. Тие дискутирале по повеќе прашања: политиката на бугарскиот кнез Фердинанд, положбата на Македонците под српската и грчката власт, нивното масовно мигрирање во Бугарија, за очајната положба на македонските емигранти во Бугарија.

Во есента 1914 година, во полниот разгор на австриско-српскиот судир, Јане Сандански и неговите соборци решиле да се организираат преку собирање на свои приврзаници и евентуални сојузници за борба против политиката на кнезот Фердинанд, но не успеал во тоа. Се вратил во својот манастир кај Мелник од каде, потоа ќе тргне на последно патување…

Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...