Доволно ли е само да напишеш осуда на Фејсбук за саботното вандалство и навреди кон Македонија?

Во саботата за жал се слушија инциденти на граничниот премин „Деве Баир“ каде бугарски државјани навредуваа македонски полицајци, а подоцна следуваше и каменување на Македонскиот клуб во Благоевград.  Дали досегашната мекост на македонските власти при слични инциденти е причината за агресивноста на другата страна?

Истиот ден следеа и недолични и навредливи изјави на бугарски политичари кои со говор на омраза зборуваа за македонскиот народ. Како на ваквите работи реагира македонската власт?

Претседателот Стево Пендародвски ги осуди инцидентите на македонската граница предизвикани од страна на група граѓани на Бугарија предводени од пратеници во бугарскиот Парламент, при тоа изразувајќи жалење „што не сведочиме на осуда за нападите насочени кон македонските полицајци и кон македонските институции“.

Во однос на навредливата објава на бугарскиот европартеник и поранешен амбасадор во земјава Александар Јорданов на социјалните мрежи која содржеше погрдни фрази за македонскиот народ, претседателот Пендаровски оцени дека таквите истапи се целосно недолични за еден дипломат и пратеник во Европскиот парламент.

– Во овој случај сакам да додадам дека не станува збор само за отсуство на елементарна култура кај именуваниот, туку и за најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи. За жал, територијалните претензии и негирањето на македонската нација станаа секојдневие, оцени шефот на државата преку Фејсбук.

Премиерот Димитар Ковачевски „најостро го осуди вандалскиот чин“ на каменување на Македонскиот клуб, оценувајќи дека ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави.

– Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот, наведе Ковачевски во објава на својот Фејсбук профил.

МНР пак најави дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на Јорданов.

– Со жалење, констатираме дека во пресрет и по одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија, радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава, наведе во соопштение македонското МНР.

Добро е што македонските власти почнаа да реагираат на директните омаловажувања на Македонија, но дали е доволно само да се напише една реакција преку Фејсбук? Бугарија праќаше авиони за тепан македонски со бугарско самочуство, Бугарија пушташе аларми низ цела Европа…

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...