Драмата меѓу Радовиш и Металург РА заврши без победник

Екипите на Радовиш и Металург РА одиграа без победник 28:28 во натпревар од последното коло од регуларниот дел во прволигашката конкуренција.

За двете екипи денешниот меч немаше никакво резултатско значење, бидејќи уште од поодамна обезбедија пласман во плеј-оф фазата.

Тимот од Автокоманда беше поконкретен во првото полувреме, на пауза замина со 16:12, но во вторите 30 минути дозволи домаќинот да се врати во игра.

Од 45 минута, па до крајот се играше гол за гол, двете екипи имаа свои моменти и само нијанси одлучуваа каков би бил исходот.

При нерешени 28:28, тимот на Металург РА на триесетина секунди пред крајот не реализираше од пенал, додека во последната секунда домаќините не успеаја од крило да погодат во мрежата на гостинот, па така големата драма заврши без победник.

Најефикасни во домашната екипа беа искусните Здравко Постолов и Зоран Стојановски со по осум погодоци, два помалку запиша Иванче Ончев.

Кај Металург РА прв стрелец беше Стефан Крстески со шест погодоци, по пет постигнаа Јаков Пановски, Горан Печенковски и Филип Петровски.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...