Дури и пристрасните Шпанци признаа: Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња!

Србинот сега има два трофеи повеќе од Рафаел Надал и дури четири од Роџер Федерер, па неговата доминација ја препознаа и од медиумите од земјата од каде што доаѓаат Надал и Карлос Алкараз, а кои некако најтешко ја прифаќаа доминацијата на популарниот Ноле.

Во авторскиот текст на „Марка“ се набројуваат причините кои несомнено го ставија Ѓоковиќ на пиедестал и му ја доделија титулата најдобар тенисер на сите времиња. Првиот и најочигледен доказ е дека има освоено најмногу грен-слемови, потенцирајќи дека Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата победи на три од четирите најголеми турнири во една сезона, нешто што никој досега го нема направено. Потоа, пак, се додава дека српскиот тенисер само што ја почна 390. недела на чело на АТП-листата, со што уште во март 2021 година го престигна Федерер, кој 310 недели беше на чело.

Кога ќе се спомнат Мастерсите, треба да се истакне дека Ѓоковиќ има дури 39, три повеќе од Надал, а тој е единствениот тенисер кој има барем еднаш победено на сите девет турнири од серијата 1.000 и не само тоа, туку секој има победено барем двапати. Исто така, се додава дека Ѓоковиќ по 30-тата години освоил дури 12, односно половина од пехарите на гренслем- турнирите и дека со 36 години и три месеци станал најстариот победник на Ју-Ес опен во историјата.

„Марка“ потоа додава дека Новак е подобар од двата најголеми ривали во меѓусебниот скор, односно дека против Надал има 30-29, а против Федерер има 27-23. Друг податок, кој потврдува дека Србинот е најдобар на сите времиња е процентот на успех на АТП-турнирите со 1.076 победи од 1.287 натпревари и процент на успешност од 83,6-отсто. Надал е на 82,9-отсто, со 1.068 победи во 1.288 натпревари.

И кога станува збор за бројот на титули, Ѓоковиќ е најуспешен меѓу активните тенисери со 96, Надал има 92, а само Федерер со 102 и Џими Конорс со 109 се пред шампионот на Ју-Ес о опен. За крај, треба да се напомене дека популарниот Ноле во неделата вечерта го одигра 36. гренслем-финале, додека Федерер има 31, а Надал 30.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометарки ќе настапат за Македонија на првиот дуел на СП

Денеска во Скопје ќе стартува Светското младинско првенство,...

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...