Двајца младински репрезентативци на мета на Бутел Скопје

Двајца младински репрезентативци на мета на Бутел Скопје

Тимот на Бутел Скопје активно работи на формирањето на ростерот за новата сезона, во која конкуренцијата во суперлигашкото друштво ќе биде уште поголема во однос на изминатата сезона.

Според информациите на 24Ракомет, пред потпис со Бутел Скопје се наоѓаат двајцата ракометари од довчерашниот суперлигаш од Автокоманда, браќата Димитар и Тодор Узунчеви, кои важат за голема надеж на македонскиот ракомет.

Димитар настапува на позицијата десен бек, додека Тодор игра на позицијата лев бек, двајцата имаат забележано настапи за помладите селекции на Македонија и ќе имаат шанса својот раскошен талент да го презентираат под палката на Горан Кузманоски.

Во својата кариера, освен за вториот тим од Автокоманда, настапуваа и за првиот тим на „сино-белите“, како и за својот матичен клуб Партизан од Гевгелија.

Бутел Скопје досега се засили со левиот бек Теодор Тодески, кружниот напаѓач Драган Шољиќ и десниот бек Мартин Петровски.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...