Двометраш што играше во Радовиш се пресели во руското првенство

Двометраш што играше во Радовиш се пресели во руското првенство

По голманот Лазар Миниќ, кој бранеше во Вардар Неготино, уште еден ракометар што играше во македонската Супер лига се пресели во Русија.

Поранешниот лев бек на Радовиш, Александар Вујниќ, кој настапуваше во Македонија во сезоната 2021/22, од ова лето ќе ги брани боите на рускиот тим Вороњеж.

Новакот во елитната конкуренција во Русија го промовираше 26-годишниот српски интернационалец и му посака добредојде во клубот.

Вујниќ во Србија играше за Црвенка, а потоа беше член на грчкиот Фивос, словачката Шала, Молтено од Италија, потоа дојде во Радовиш, а по авантурата во Македонија настапуваше за Метковиќ од Хрваска, Ал Џаиш од Ирак и Ал Кара од Саудиска Арабија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...