ЕХФ ги избра најдобрите – еве ги идеалните машки и женски тим на сезоната!

ЕХФ ги избра најдобрите – еве ги идеалните машки и женски тим на сезоната!

Европската ракометна федерација денеска ги објави идеалните тимови на сезоната во машка и женска конкуренција.

Од 11 до 23 јуни гласаа тренерите, ракометар(к)ите, фановите и новинарите (секој сегмент учествува со по 25% во вкупно збир), па беа добиени победниците по сите категории.

Во женскиот идеален тим на сезоната има четири ракометарки од европскиот шампион Ѓер, а доминираат Франција, Норвешка и Данска со по две ракометарки.

Кај мажите има по двајца ракометари од Магдебург и Барселона, како и по еден од ПСЖ, Веспрем, Фуксе Берлин и Фленсбург. Четворица ракометари во идеалниот тим се Французи, тројца се Данци, а еден е Швеѓанец.

Идеален тим 2023/24, жени:

Лево крило: Клое Валентини – Франција/Мец
Лев бек: Хени Реистад – Норвешка/Есбјерг
Среден бек: Стине Офтедал – Норвешка/Ѓер
Десен бек: Ана Вјахирева – Русија/Кристијансанд
Десно крило: Викторија Лукач – Унгарија/Ѓер
Пивот: Сара Буктит – Франција/Мец
Голман: Сандра Тофт – Данска/Ѓер
Дефанзивец: Лине Хаугстед – Данска/Ѓер

Идеален тим 2023/24, мажи:

Лево крило: Емил Јакобсен – Данска/Фленсбург
Лев бек: Елохим Пранди – Франција/ПСЖ
Среден бек: Феликс Клар – Шведска/Магдебург
Десен бек: Дика Мем – Франција/Барселона
Десно крило: Ханс Линдберг – Данска/Фуксе Берлин
Пивот: Лудовик Фабрегас – Франција/Веспрем
Голман: Емил Нилсен – Данска/Барселона
Дефанзивец: Магнус Саугструп – Данска/Магдебург



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ