Емилијана Ризоска и следната сезона во македонскиот шампион

Македонскиот шампион Ѓорче Петров нема да менува многу за новата натпреварувачка сезона, откако од минатогодишниот состав задржа уште еден важен играч.

Станува збор за репрезентативката Емилијана Ризоска, која освен за сениорскиот национален тим, настапува и за младинската репрезентација на Македонија.

Ризоска потекнува од школата на Феникс и во редовите на актуелниот шампион на Македонија пристигна во минатата сезона.

Битолчанката во сезона 2021/2022 беше најдобар стрелец во Женската лига, постигна 255 погодоци

Ѓорче Петров претходно ги продолжи договорите со Ива Божиноска, Слободанка Кицеска, Анастасија Николовска и Марија Јанкуловска.

Ново име во таборот на Симе Симовски е голманката од Вардар, Јована Трајкоска.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...