🎥 Емоциите на најсилно: Висла со гол „а ла Пранди“ до пенали, а потоа го „тресна“ Келце

Тимот на Висла Плоцк поведе во финалната серија на полскиот шампионат со 1-0, откако по пеналите славеше против Келце со 24-23. Во драматичен натпревар пред полните трибини на „Орлен Арена“, домаќинот беше пред пораз.

Иако губеше со 21-22, по истекот на времето имаше слободен удар за домашниот тим, а Кирил Самоило, во стилот на Елохим Пранди, погоди во мрежата на Вулф за реми.

Во пенал серијата голманите Мирко Алиловиќ и Андреас Вулф беа одлични. Хрватот им ги одбрани ударите на браќата Душебаеви, Наи и Трастарсон, додека головите на Дашек и Фазекаш беа доволни за победа на Висла.

Вториот натпревар се игра во Келце на 26 мај, а доколку има потреба за мајсторка, таа ќе биде на теренот во Плоцк на 29 мај.

Келце нема среќа со пеналите, откако ланската сезона беше поразен во финалето на ЛШ од Барса, потоа оваа сезона во четвртфиналето од Магдебург, но и сега во финалната серија од полскиот шампионат.

Во сите три серии, меѓу оние што промашуваат е десниот бек Алекс Душебаев.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...