Ерупција на трибините – Фленсбург во последната секунда до триумф над Кил! (ВИДЕО)

Фленсбург го доби 109 дерби против Кил со последната секунда од натпреварот. Голот на левото крило Емил Јакобсен за 28-27 беше причина за ерупција на трибините во „Фленс Арената“. Иако Кил водеше на полувремето со 17-14, имаше и на четири минути до крајот 27-24, не постигна гол, а избраниците на Николај Крикау за тоа време дадоа четири гола и ги освоија двата бода. Најдобри стрелци кај победникот беа Гола со седум, како и Хансен и Јакобсен со по шест гола, додека голманот Буриќ имаше 12 одбрани. Кај Кил се истакнаа Билик и Скипаготу со по четири гола. Погледнете го победничкиот гол на Фленсбург…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...